петок, 18 октомври 2024

Ѓорческа: Кога ја победивме Финска, знаев дека сме блиску до првото место

Објавено на

часот

Сподели

Македонија во денешното финале со 2-1 беше подобра од Ерменија, го освои првото место и се пласираше ранг погоре.

Клучна тенисерка за големиот успех беше Лина Ѓорческа.

„По победата над Финска знаев дека сме блиску до конечната победа, но требаше да се одиграат уште мечеви. Денеска пресуден беше мојот сингл, кој го добив без проблеми. Сметам дека сосема заслужено победивме во сите мечеви и го освоивме првото место“,  изјави Ѓорческа по триумфот.

Вториот наш рекет, Столиковска исто така чувствувала дека ќе победиме.

„По ланскиот пораз во финалето од Португалија едноставно „сонував“ дека оваа година во Скопје ќе успееме и тоа се отствари. Тежок беше мојот сингл меч, но во дубл повторно одигравем на ниво“, изјави Стоилковска по големата победа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ