петок, 29 ноември 2024

Гласајте за продолжување на реалните проекти, им порача на Македонците во Пустец актуелниот градоначалник Колефски

Објавено на

часот

Сподели

„Почитувани мои сограѓани  безидејноста произведува лаги и манипулации, затоа драги мои на 14 мај да излеземе масовно и да продолжиме со реалните проекти, да продолжиме со нашата реална програма со конкретни проекти, не само за патишта, туку и за други многу потребни работи важни за нашата Преспа“, порача тој на Фејсбук.

Колефски побара „да се ставиме крај на манипулациите и да им покажеме на оние кои ја потценуваат вашата интелигенција кај им е местото бидејќи како што викаат старите кај нас со три столбови куќа не се крепи”.

„Драги мои, сакам да споделам со вас дека на нашата општина не и требаше само една ќерамида туку имаше потреба од цела чатија. Денес ја лечиме раната на овие кои само сонуваа 12 години и горд сум што ги решавам сите проблеми по ред, вода за пиење, осветлување,  подобрување на електро мрежата, патишта, развој на туризмот, проблемот со отпадните води, и многу други прашања“, наведува Колефски.

Додава дека и самиот е свесен дека треба уште многу повеќе да работиме бидејќи, како што вели,  „од работа никогаш не е доста”.

„Убеден сум дека заедно ќе успееме во решавањето на сите проблеми во нашата општина. Затоа драги мои ние предлагаме и нудиме да не се враќаме веќе никогаш назад, да одиме само напред, а само напред ќе одиме заедно, јас Пали Колефски, и сите вие заедно со заокружување на бројот 2 на гласачкото ливче“, порачува тој.

Во оваа единствена македонска општина во Албанија за градоначалничката функција во трка се Пали Колефски и Панди Јани и двајцата Македонци од Пустец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ