Мечот траеше 80 минути, Ѓорческа првиот сет го доби со 6-4, а во вториот славеше со 6-3.
Утре во полуфиналето македонската тенисерка ќе игра против Лола Радивојевиќ од Србија која денеска немаше меч бидејќи нејзината сонародничка Нина Стојановиќ го предаде мечот поради повреда.
Утрешната ривалка Радивојевиќ од Србија има 19 години и се наоѓа на 229 место на ВТА листата. Во меѓусебените мечеви скорот е 2:0 за Радивојевиќ.