Во оваа фаза од Дејвис Купот се случува да се сретнат тенисери кои се дијаметрално спротивни по квалитет, па таков беше и денешниот дуел меѓу Ѓоковиќ и Ксилас.
На српскиот тениски ас му беа потребни само 45 минути да го среди Гркот, а кога тој го зема единствениот гем, доби овации од навивачите во Белград.
„Борбата со веројатно најдобриот тенисер на сите времиња никогаш не може да биде лесна, но поминав низ тоа, ми се допадна. Малку разочаран од својот тенис, но целото искуство е позитивно. Прилично сум сигурен дека Новак ми го подари тој гем, а аплаузот од публиката беше посебен“, рече грчкиот тенисер.
Србија води со 2-0 по првиот ден, а Грците се хендикепирани бидејќи не игра нивниот убедливо најдобар тенисер, Стефанос Циципас.