петок, 18 октомври 2024
По повод Денот на планетата Земја

Гинкго билоба ќе расте низ Тиквешијата, денеска се садеа семки во саксии

Објавено на

часот

Сподели

„Деца и возрасни посадија семки од ова интересно дрво во саксии. Саксиите си ги зедоа со себе и цела една година ќе се посветат на одгледувањето на новите дрвца. Најмладите ги крстија по сопствените имиња. Потоа ќе ги засадат на различни места во Тиквешијата“, вели Сашко Тодоров, претседател на Ековита. 

Тој нагласи дека ова е мал придонес за подигање на еколошката свест, мал чекор, но со големи и долговечни придобивки за сите, за чиста околина и здрав живот. 

Семките ги обезбедија од здружението ,,Трорачица” од Скопје, а едукативен час по садење семки од дрвца одржа скопјанецот Томе Стојанов.

Дрвото гинкго билоба има лековити својства, тоа е дел од кинеската традиционална медицина, а има примероци од ова дрво стари околу 1.000 години. Отпорно е на инфекции, на инсекти и на модерните хемикалии. Нараснува до импресивни големини. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ