среда, 27 ноември 2024
Потрагата по напаѓачот продолжува

Германската полиција за напаѓачот: Се бара помлад човек со брада, облечен во црно

Германската полиција денеска приведе 15-годишно момче најверојатно поврзано со нападот што се случи синоќа во Солинген, Западна Германија, државното правобранителство не ја исклучува можноста дека станува збор за терористички напад, беше соопштено на прес-конференцијата.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Приведениот 15-годишник во моментов е на сослушување за да се утврди неговата поврзаност со масакрот во Солинген“, изјави државниот обвинител Маркус Касперс на прес-конференција.

Касперс рече дека момчето е приведено врз основа на исказот на сведок кој го слушнал разговорот меѓу приведениот и непознато лице како го најавува вчерашниот напад во кој три лица беа убиени со нож, осум беа повредени, од кои четворица се во критична состојба.

Полицијата смета дека сторителот би можело да биде лицето со кое комуницирал 15-годишникот.

Во близина на нападот во центарот на градот Солинген, каде се одржуваше прославата на 650-годишнината на градот, полицијата пронашла два ножа со кои најверојатно бил извршен масакрот.

Портпаролот на полициската управа, која ја презеде истрагата, Торстен Флајс, изјави дека од видео материјалот со кој располага полицијата, евидентно е дека напаѓачот целно со нож ги избодел жртвите во вратот.

Државниот обвинител Касперс изјави дека засега не е познат мотивот за нападот, но дека не може да се исклучи можноста за терористички напад со политичко-идеолошка позадина.

Во истрагата се вклучени и вработени на главниот државен обвинител во Карлсруе, кои дејствуваат во случај на терористички напади и кои, како што беше речено, во секое време можат да го преземат раководството на истрагата.

Во меѓувреме, полицијата соопшти дека трага по помлад маж со брада, облечен во црно.

Германските медиуми пренесуваат дека полицијата во меѓувреме привела уште едно лице кое можеби е поврзано со нападот во Солинген, но полицијата одби да ги потврди овие наводи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ