вторник, 26 ноември 2024

Германија: Сириец со комбе влетал во продавници, палел куќи, носел мачета низ градот (ФОТО)

Вооружен Сириец во саботата вечерта со своето комбе влетал во неколку продавници во германскиот град Есен, заканувајќи се со оружје, запалил и две станбени згради, при што 31 лице е повредено, меѓу кои две деца, чии животи се во опасност, пренесуваат денеска германските медиуми.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според противпожарната служба и полицијата, тој околу 17 часот и 10 минути запалил станбена зграда, а потоа запалил куќа на друга улица, пренесува весникот Билд.

Потоа со комбето влетал во излогот и фасадата на продавница за зеленчук, потоа се упатил кон друга продавница, кога излегол и извадил мачета.

На социјалните мрежи кружат видеа како сторителот со оружје им се заканува на луѓето околу него.

Случајните минувачи очигледно го држеле подалеку фрлајќи кон него разни предмети.

Според Билд, полицијата на само неколку метри од продавницата за зеленчук успеала да го уапси сторителот кој имал изгореници на рацете.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ