Уапсен е маж осомничен за напад во Солинген. Регионалниот министер за внатрешни работи Херберт Реул изјави за Тагестемен на АРД дека полицијата уапсила „вистински осомничен“.
Осомничениот идентификуван како напаѓачот во Солинген и се предал на полицијата. Министерот за внатрешни работи Херберт Реул изјави дека „имаат осомничен по кој трагале цел ден“, пренесува Шпигел.
Осомничениот напаѓач е фатен во Солинген, нешто пред 23 часот и повеќе од 24 часа откако го извршил нападот со нож во градот, пишува Шпигел.
Според информациите на Шпигел, 26-годишниот Иса ал-Х е роден во сирискиот град Деир ал-Сор. Тој дошол во Германија на крајот на декември 2022 година и побарал азил во Билефелд. Една година подоцна добил таканаречена супсидијарна заштита, која често им се дава на бегалците од земјите погодени од граѓанска војна. Иса ал-Х е сунитски муслиман.
Тој претходно им бил непознат на безбедносните власти како исламистички екстремист, според Шпигел.
Исламската држава вчера ја презеде одговорноста за нападот со нож во западниот германски град Солинген во кој беа убиени три лица.