среда, 27 ноември 2024

Германија ќе мора да разговара со Русија

Берлин ќе мора да комуницира со Москва и покрај различните позиции за прашањето за Украина, изјави германскиот амбасадор во Русија, Александар Ламбсдорф.

Објавено на

часот

Сподели

„Русија беше и останува најголемата земја во светот по површина, има постојано место во Советот за безбедност на ОН, а исто така е непосреден сосед на ЕУ. Затоа ќе мора да се справиме со Русија“, посочи тој, пренесува Таас.

Според него, примарна цел треба да биде што поскоро да се стави крај на руската војна против Украина и да се обезбеди постојан мир заснован на меѓународното право за да не страдаат повеќе Украинците.

Германскиот амбасадор зборувајќи за можните мировни преговори меѓу Русија и Украина истакна дека „одлуката под кои околности ќе почнат разговорите ќе биде донесена во Киев“.

Коментирајќи го 12-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија, Ламбсдорф истакна дека санкциите не се копче за исклучување.

„Можете да наметнете санкции или да го промените однесувањето на ограничената страна во еден момент. Санкциите се дизајнирани да ги зголемат трошоците поврзани со одредени одлуки и тоа е докажано“, одговори тој на прашањето дали тоа е вистинскиот потег.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ