Георгиевски ги победи Вудард од САД и Андреу од Кипар, а во финалната борба за златниот медал беше поразен од Французинот ОМар.
Претходно Георгиевски четири пати го победуваше Французинот, но денеска не успеа да слави.
„Одиме по зацртаната патека, олимписките игри во Лос Анџелес 2028 се наш следен предизвик. Чекориме по највисоките светски олимписки стандарди, тоа е критериум кој го поставивме и живееме за да го негуваме“, објавија од Таеквондо Федерацијата на социјалните мрежи.