вторник, 26 ноември 2024

Гаши: Расправата во Собранието за буџетот за 2025 година ќе започне на 14 ноември

Комисиската расправа за предлог-Буџетот за 2025 година во Собранието ќе почне на 14 ноември, а пленарната седница за негово носење се очекува да биде закажана во втората недела од декември, изјави денеска во интервју за МИА претседателот на Собранието Африм Гаши. 

Објавено на

часот

Сподели

„ Предлог-буџетот за 2025 година е донесен на 5 ноември. Неколку дена ќе остане во Собрание за разгледување. Комисиската расправа ќе почне на 14 ноември и трае до 30 ноември. Значи по новиот деловник, веќе е утврден крајот на ноември односно 30 ноември како последен датум кога треба да заврши комисиската расправа. Потоа се носи предлогот до Влада, очекуваме Владата да го дополни предлогот и во втората недела од месец декември треба да биде свикана пленарната седница, која трае пет дена и се надеваме дека во рамки на тие четири – пет дена ќе биде донесен буџетот за 2025 година“, изјави Гаши во интервју за МИА.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ