За здружувањето на албанската опозиција во еден заеднички блок, Гаши вели дека мора да се воздигнат над личните, партиски и други интереси и да се обединат не само за уривање на корумпираната ДУИ, бидејќи како што истакнува, тоа веќе станува најмалиот проблем, туку за спасување на иднината на децата и младите, кои чекаат од нив обединување, одлучност и политичка понуда.
Порачува дека и да има некое влијание од Исток, како од Русија или Кина, за спречување на евроинтеграцискиот процес, тоа не треба да не заплаши, бидејќи нашето општество е цврсто определено за западниот курс.
„Идентитетот на секој народ може да се загрози само од припадниците на тој идентитет. Со ‘францускиот предлог’ ниту се загрозува, ниту се засилува македонскиот идентитет. Македонците се посебен народ, со свој јазик, свое писмо и култура независно од тоа како тоа се перципира од другите. Јас мислам дека нема потреба за никакви декларации, бидејќи таквиот начин на однесување покажува инфериорност и слабост“, оценува претседателот на Алтернатива за поднесената Декларација на СДСМ до Собранието во однос на Илинден.
За борбата со корупцијата и излезот од лошата ситуација, Гаши смета дека е потребно целосно редефинирање на правосудниот систем под покровителство на правните институции на САД и Европската Унија.
„Сѐ друго, за жал, е само губење време и глумење на борба против корупцијата“, порачува лидерот на Алтернатива и додава дека кулата од карти на корупција и криминал на ДУИ е веќе срушена и на повидок е нова победа и нови предизвици.