Галант ова го изјави на церемонијата на доделување дипломи за нови офицери, на која присуствуваше и Нетанјаху, чија коалициска влада веќе е оптоварена со конфликти, пренесува Ројтерс.
Државната истрага мора да биде објективна, мора да не испита сите нас, оние што ги носат одлуките и оние што ги спроведуваат, владата, армијата и безбедносните агенции, рече Галант.
„Таа треба да ме испита мене, министерот за одбрана, мора да го испита и премиерот“, изјави израелскиот министер, со овации од публиката, пренесува Ројтерс.
Нетанјаху претходно ги отфрли повиците за национална истрага за нападот на Хамас на 7 октомври што го фати Израел и ја предизвика војната во Газа, велејќи дека истрагата за тоа што се случило треба да се спроведе по завршувањето на војната.