„Сличности има, но Швеѓаните и Норвежаните можат да се разбираат кога заедно се сретнуваат, а никој не кажува дека норвешки е шведски дијалект или обратно, нели. Во тоа е работата, дека скандинавците се многу понапреднати од Бугарите“, изјави Фридман.
Професорот кој повеќе од 50 години го учи, истражува и зборува македонскиот јазик, рече дека воопшто немал претстава дека македонскиот јазик ќе предизвика проблеми какви што сега произлегуваат од соседите.
Како остар критичар на политиките на Бугарија кон Македонија во однос на македонскиот јазик, во една прилика тој ја оцени актуелната бугарска политика за фашистичка.
„Да. Затоа што во времето на фашизам кога Бугарите ја окупирале Македонија и тоа беше окупација ги тепале децата коишто зборувале македонски…Тоа е фашизам. Во времето на фашизам македонски бил бугарски дијалект, сега што велат Бугарите за македонскиот јазик дека бил бугарски дијалект е исто како во фашистичкото време“, рече тој.
Истовремено тој смета дека Европа е таа што треба да стави крај на сето тоа, а на Македонија да остане цврста во одбраната на посебноста на македонскиот јазик.
Кога станува збор за бугарските забелешки и оспорувања по однос некои од историските прашања, професорот нема намера да навлегува во историјата на средновековието како Цар Самуил, но цврст во одбраната на вистината кога станува збор за поновата историја.
„Оваа работа со Цар Самоил е многу компликувана и јас нема да пипам во овие средновековни работи затоа што треба да се договорат историчарите што сакаат. Ама, кога се работи за Втората светска војна тогаш нема да мрднете од тоа што имаат направено Бугарите во времето на Втората светска војна“, дециден е професорот Фридман.
Фото: Веле Митаноски