петок, 18 октомври 2024

Франција изгласа контроверзен закон за имиграцијата

Францускиот парламент доцна синоќа гласаше за контроверзниот и построг закон за имиграција, кој предизвикува нелагодност во левото крило на владејачката партија и, според медиумите, можна е оставка на некои министри, пренесуваат агенциите.

Објавено на

часот

Сподели

Откако минатата недела опозицијата во Националното собрание го одби владиниот предлог, заедничкиот комитет на Народното собрание и Сенатот постигнаа компромис и законот беше усвоен во двата дома на парламентот.

За законот гласаа и членови на партијата на крајната десница Национален собир (РН), пренесува Ројтерс. Претставник на Макроновата партија Ренесанса ја нарече таа поддршка „бакнеж на смртта“ и заклучи: „Сега сме во рацете на РН, изгубивме на сите фронтови“.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин го бранеше законот пред Сенатот, велејќи дека тој ќе им овозможи на странските работници да добијат легален статус.

„Со овој закон за имиграција ќе го удвоиме бројот на регулирани странци кои работат. Секоја година, 10.000 дополнителни странски работници ќе добиваат регулиран статус“, рече тој.

Таа бројка ја претстави за прв пат за да го смири левото крило, пишува агенцијата АФП.

Претседателот Емануел Макрон подоцна денеска ќе ѝ се обрати на јавноста и ќе зборува за новиот закон, објави телевизијата БФМ. Построгите правила за мигрантите предизвикуваат вознемиреност во дел од левото крило на партијата на Макрон, а француските медиуми шпекулираат дека некои министри може да поднесат оставки.

Министерот за здравство Орелиен Русо беше првиот што го стори тоа, објавија Фигаро и Парисиен, но не можеа да потврдат дали премиерката Елизабет Борн ја прифатила оставката.

Дебатата за законот за имиграција ја подели владата на десниот центар предводена од претседателот Макрон. Владата направи значителни отстапки пред конзервативците за да обезбеди зелено светло за законот, но тоа ги налути лево ориентираните членови на партијата.

Француската влада посочува дека целта на новиот закон е подобра контрола на имиграцијата и подобрување на интеграцијата на имигрантите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ