сабота, 26 октомври 2024

Фон дер Лаен: ЕУ би требло да почне со преговори за членство со Украина до крајот на јуни

Европската Унија би требало да почне преговори за членство со Украина до крајот на јуни, кажа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Украина ги исполни сите чекори кои ги зацртавме и затоа веруваме дека ЕУ би требало да ги почне пристапните преговори со Украина веќе до крајот на овој месец“, кажа Фон дер Лаен на Конференцијата за опоравување на Украина во Берлин.

Таа кажа дека Украина ги направила сите барани реформи борејќи се во војната.

„Ова е така извонредно. Ви благодарам многу што сте толку доверливи“, порача Фон дер Лаен.

Украина поднесе барање за членство во ЕУ во февруари 2022 година, а статусот кандидат за членство го доби во јуни истата година.

Лидерите на ЕУ во декември минатата година дадоа зелено светло за отворање на преговорите за членство, но досега не е одреден датум.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ