По 13 минути игра Фиорентина веќе водеше со 2-0 со голови на Куаме и Сапонара.
Во 36. минута Бираги си постигна автогол, а во 43. минута Дани Мота реализираше за 2-2.
Пред крајот на првото полувреме Монца преку Песина даде уште еден гол, но ВАР им го поништи поради играње со рака.
Сепак во 58. минута Песина даде регуларен гол за комплетен пресврт и победа на Монца од 3-2.
Удинезе со голови на Самарџиќ, Перез и Саксес уште во првото полувреме, го победи Кремонезе со 3-0.