петок, 29 ноември 2024

Финска усвои закон со кој се блокира влезот на мигранти од Русија

Финскиот Парламент усвои закон со кој граничната полиција има овластување да го блокира преминувањето на барателите на азил од Русија, откако повеќе од 1.300 лица пристигнаа во земјата, принудувајќи ја да ја затвори границата. Финска ја обвини соседна Русија дека ја користи миграцијата како оружје со тоа што охрабрува голем број мигранти од земји како Сирија и Сомалија да ја преминат границата, што Кремљ го негира.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Хелсинки смета дека Москва ја промовира миграцијата за да се одмазди за влезот на Финска во НАТО алијансата, која ја поддржува Украина против руската инвазија. Десничарската влада на премиерот Петери Орпо рече дека законот е клучен за запирање на идните пристигнувања на мигранти, и покрај тоа што законот е во спротивност со меѓународните обврски за човекови права.

Од март нема нови пристигнувања на баратели на азил. Финска ги затвори своите копнени граници со Русија на крајот на минатата година.

Потегот на Финска е сличен на чекорите преземени во последниве години од други европски земји, вклучувајќи ги Полска и Литванија, за да им го отежнат преминувањето на границата на мигрантите од Русија и рускиот сојузник Белорусија.

Финскиот предлог-закон беше усвоен со 167 гласови за, 31 против и еден воздржан. За усвојување на предлогот беше потребно двотретинско мнозинство гласови во парламентот од 200 членови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ