сабота, 19 октомври 2024

Финансиска полиција во Државна лотарија, зошто газдата на „Пуцко петрол“ влезе во случајот со рентање простории за 2,6 милиони евра

Агенти на Финаниската полиција во рамки на истрагата од Државна лотарија вчера презеле документи за да утврдат дали има неправилности при изнајмување на објекти од страна на државната компанија. Овие активности на Финансиската полиција и најавените од Јавното обвинителство доаѓаат по објавените истражувања на Радио слободна Европа за тендерите во Државна лотарија и договорот за закуп на деловни простории во поранешен ресторан за свадби со компанијата „Хеј ДООЕЛ“.

Објавено на

часот

Сподели

Од пред пет дена, Асмир Јахоски, газдата на „Пуцко петрол“ и син на поранешниот градоначалник на општина Пласница и актуелен пратеник од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски, е нов сопственик на „Хеј ДООЕЛ“, компанија која склучи договор за закуп на деловни простории со Државна лотарија во скопско Визбегово тежок над 2,6 милиони евра.

Промената на сопственоста е извршена во Централниот регистар на 26 октомври 2023 година. Пријавата за бришење на досегашниот сопственик, Армин Машовиќ е поднесена на 20 октомври, стои во електронската база на Централниот регистар во делот за упис на промени.

Временски, тоа е само два дена подоцна откако РСЕ објави дека 33 годишниот скопјанец Машовиќ за неколку месеци ја формирал „Хеј ДООЕЛ“, ги купил деловните простории во поранешниот ресторан за свадби „Фестина“ и потоа склучил договор со Државна лотарија за закуп на истите за сума од над 2,6 милиони евра.

Како што РСЕ веќе пишуваше, Армин Машовиќ е поранешен бизнис партнер на Ерџан Сулкоски во „Пацифик Петролеум“. Додека Сулкоски пак, до неодамна (23 август 2023 година) беше и деловно поврзан со Куштрим Смајлај, зетот за ќерка на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, во фирмата „К.С.А. Интернешнл“.

Армин Машовиќ, сепак, останува управител на „Хеј ДООЕЛ“, иако повеќе не е нејзин сопственик. РСЕ го побара Машовиќ во обид да дознае на што се должи одлуката за продажба на компанијата, но без одговор. 

Останува нејасно и зошто Асмир Јахоски, газдата на „Пуцко петрол“ влегува во „Хеј ДООЕЛ“ во време кога за компанијата и нејзиниот управител се предмет на интерес на Обвинителството и Финансиската полиција за склучениот договор за закуп со Државна лотарија.
Истражувањето на РСЕ објавено на 17 октомври покажа дека промоцијата и маркетингот на Државната лотарија го работат компании чии сопственици се во блиски релации со сопствениците на издавачките куќи „Арбериа дизајн“ и „Арс ламина“.

Компаниите ги добиваат тендерите во временски период кога на чело на Управниот одбор на Државна лотарија застанува Перпарим Бајрами, поранешен шеф на кабинетот на Артан Груби во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

За работата на Државна лотарија се одговорни Управниот одбор, кој носи одлуки за работата на акционерското друштво и Надзорниот одбор кој врши контрола на материјално – финансиското работење. Работниот бекграунд на тројца од нив упатува на директна поврзаност со вицепремиерот Артан Груби.

Во истражувањето објавено на 18 октомври, РСЕ објави дека новите деловни простории на Државна лотарија се наоѓаат во поранешен ресторан за свадби во Визбегово. До април 2023 година сопственик на земјиштето и објектот е „Маркони инженеринг“, кога и го продава имотот на компанијата „Хеј ДООЕЛ“.

Оваа компанија е основана само два месеца претходно, односно на 2 февруари 2023. Неколку месеци подоцна, „Хеј ДООЕЛ“ склучува договор за закуп на деловен простор со Државна лотарија за сума од 2,6 милиони евра за период од 10 години.

ѕ

Една недела по истражувањето на РСЕ за милионскиот договор за закуп за деловни простории меѓу „Хеј ДООЕЛ“ и Државна лотарија, веб сајтот на компанијата престана да работи, а во меѓувреме, променет е и сопственикот на доменот www.hej.mk. Се водеше на лицето Шабан Хамза, односно Шабан Амзовски, член на Управниот одбор на Државна лотарија се до 20 октомври, кога на негово место се промени со Армин Машовиќ, актуелниот управител на „Хеј ДООЕЛ“.

Инаку, освен промените на веб – страницата на hej.mk – и визуелно и во делот на сопственоста, повеќе не е достапна ниту Фејсбук страницата. Кога ќе се впише името во пребарувачот на социјалната мрежа, нема никакви резултати, пишува РСЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ