На овогодинешното натпреварување во креативност беа пријавени околу 1.200 кампањи од осумдесетина маркетинг агенции од 50 држави во светот.
Оваа кампања е креирана со алатки за вештачка интелигенција со цел да се покаже дека новите технологии не се ниту застрашувачки, ниту неинтересни, сѐ додека нивниот потенцијал е креативно искористен.
„Кампањата се базира на анализирањето дали еден збор може целосно да ги промени чувството, расположението и атмосферата и доведува до резултат дека може, ако тоа е вистинскиот збор. Тоа е основата зад наративот на кампањата Just Add Coca-Cola“, вели Илинка Црвенковска, креативна директорка во Њу момент.
Наградите EPICA се сметаат за исклучително важни на глобалната адвертајзинг сцена имајќи предвид дека жирито за доделување награди е составено од уредници и искусни новинари од водечките светски публикации кои го покриваат креативниот и комуникацискиот сектор. Оваа година, жирито вклучува претставници од 290 познати медиуми како Forbes, National Geographic, Vogue и многу други.
Церемонијата на доделување награди ќе се оддржи на 12 декември.