вторник, 26 ноември 2024

Филипини: Најмалку 80 загинати од тајфунот Трами, десетици исчезнати

Бројот на загинати од тајфунот Трами на Филипините, локално познат како тропската бура Кристине, се искачи на 81, пренесуваат локалните медиуми.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според Националниот совет за управување со катастрофи, досега животот го загубиле 81 лице, 66 се повредени, 34 се водат како исчезнати во различни региони на земјата, објави порталот Манила тајмс.

Најмалку 47 лица загинаа во провинцијата Батангас.

Викендов се очекува нова тропска бура позната како Леон или Пагаса да ја погоди земјата. Локалните власти соопштија дека околу 24.988 луѓе од различни региони се евакуирани на безбедни места. Филипините вчера наредија целосна мобилизација на своите вооружени сили бидејќи бурата Трами ги преплави градовите.

Тропската бура Трами, локално позната како Кристине, силно го погоди архипелагот во Југоисточна Азија со обилни дождови и силен ветер.

Регионите јужно од главниот град Манила претрпеа тешки разурнувања додека бурата се движеше низ Филипините на запад кон Јужното Кинеско Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ