петок, 13 септември 2024

Фиат 500 заминува во историјата

Најстариот нов автомобил во Европа престанува да се произведува оваа година.

Објавено на

часот

Сподели

По 17 години и повеќе од три милиони продадени примероци, списоци за нарачки се конечно исполнети за третата генерација на фиат 500. Овој модел беше укинат во Северна Америка во 2019 година, а сега истото се случува и во Европа. Тој ќе бдие заменет со новиот модел фиат 500 ибрида.

Овој симпатичен градски автомобил, кој фактички беше поевтина верзија на пандата, веднаш ги крена продажбата и имиџот на марката кога пристигна на пазарите во 2007 година.

Интересно е тоа што и оригиналниот фиат 500 долго се произведувал – дури 18 години, од 1957 до 1975 година, а во тој период се продадени 3,89 милиони примероци.

Иако пред 17 години беше претставен со четирицилиндерски бензински мотор, фиат 500 во меѓувреме еволуираше до двоцилиндерски твинпауер мотор и, неодамна, до хибрид.

Токму претстојниот фиат 500 ибрида (хибрид на италијански) ќе биде преработен фиат 500е и ќе го има актуелниот бензински 1,0-литарски мотор приклучен на електричен погон.

Фиат 500 ибрида ќе биде препороден модел 500, но наместо да се произведува во Полска, како до сега, ќе ја дели производната лента со моделот 500е во фабриката Мирафиори во Торино.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ