Во соопштение до јавноста, Димовски изјави дека промената на раководството е поради истечен мандат на досегашниот директор.
„Единаесет години се борев Камерен Оркестар на Битола да стане Национална установа со свои вработени и пред две години тоа го постигнав. Многуте цели кои ги имав се остварија, а тоа се вработувањето на професионални музичари во оркестарот, потоа концерт со оркестарот во Виена, но и во Прага и Рим, како и други цели. Мојата соработка со НУ Камерен Оркестар на Битола ќе продолжи како и досега“, се посочува меѓудругото во соопштениео до јавноста од досегашниот директор Димовски, воедно вработен во Националната опера и балет (НОБ).