петок, 11 октомври 2024

ОН предупредуваат дека без донации околу 2,5 милиони луѓе во Судан се на работ на глад 

Светската програма за храна (ВФП) соопшти дека ѝ се потребни повеќе пари и подобар пристап за 2,5 милиони луѓе на работ на глад во Судан разурнат од војна. „Судан е речиси заборавена криза во моментов“, изјави директорката на ВФП, Синди Мекејн за Асошиејтед прес.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Додека Светската програма за храна назначи влезни точки за да им донесе помош на гладните, почетокот на сезоната на дождови значи дека камионите имаат потешкотии да стигнат до кампот Замзам, дом на повеќе од 400.000 раселени лица, за кој беше објавено дека минатиот февруари е на работ на глад.

ВФП се справува со недостаток на финансии поради заморот од донаторите по пандемијата. Организацијата се обидува да го компензира тоа со развој на нови технологии за прогнозирање на времето и обезбедување храна во итни случаи.

„На нашите камиони им требаа речиси две недели да стигнат таму“, објасни Мекејн, „Мостовите и патиштата се во лоша состојба. Тоа е навистина комбинација од навистина трагични ситуации. Треба да се погрижиме светот да ја разбере потребата и што е во прашање доколку не го направиме тоа“.

Судан е зафатен од насилство од април 2023 година, кога тензиите меѓу официјалната армија предводена од генералот Абдел Фатах Бурхан и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) под команда на генералот Мохамед Хамдан Дагало – прераснаа во отворен вооружен конфликт.

Оттогаш, борбите се проширија во неколку делови од земјата, главниот град Картум и соседниот Омдурман станаа урбано бојно поле. Конфликтот, исто така, поттикна етничко насилство во западниот дел на Судан, регионот Дарфур.

Според најновите податоци на ОН, повеќе од 10 милиони луѓе се раселени во Судан поради борбите, од кои 4,3 милиони се внатрешно раселени во Судан, а над два милиони побегнале во соседните земји. Агенцијата на ОН за бегалци тврди дека во Судан се одвива „незамислива хуманитарна криза“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ