Откако му пропадна трансферот во Ал Ахли и Челси на 30. август, Виктор Осимен на почетокот од септември реши да ја прифати понудата на Галатасарај и да се пресели во Турција.
„Осимен е фантастичен фудбалер“ – вели Жозе Мурињо, кој е тренер на лутиот ривал Фенербахче.
„Ако бев дел од клуб кој можеше да плати 70-75 милиони евра за неговите услуги, сигурно ќе го купев“.
„Секако, се пресели под едни поинакви услови, но на крајот од денот тоа не е важно, важно е тоа што Галатасарај доби фантастичен играч“.
Тој потоа додаде: „Немам никаков проблем со Виктор, напротив имаме добар однос“.
„Но секогаш кога играм против него, му замерувам за начинот на кој се однесува, многу симулира“.
„Кога се сретнавме последен пат на натпревар помеѓу Рома и Наполи, му реков „Види, заедно со Салах си еден од двајцата најдобри фудбалери во Африка. Во минатото тоа беа Дрогба, Ето, Веа… па не можеш да се однесуваш така““.
„Многу симулира, и тоа е мојот проблем со него“.