петок, 11 октомври 2024

Северна Кореја за прв пат објави дека има капацитет за збогатување ураниум

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повика за време на посетата на контролната соба во постројката за збогатување ураниум да се зголеми бројот на центрифуги за да се зголеми нуклеарното оружје за самоодбрана, објавија денеска севернокорејските државни медиуми.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Ким го упати повикот за време на посетата на Институтот за нуклеарно оружје и базата за производство на „нуклеарни материјали за оружје“, според севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Севернокорејската новинска агенција не ја објави локацијата на објектите ниту датумот кога е извршена проверката.

Ова е првпат Северна Кореја јавно да обелоденува дека има капацитет за збогатување ураниум, објави Јонхап.

За време на посетата, Ким „ја истакна потребата од дополнително зголемување на бројот на центрифуги за експоненцијално зголемување на нуклеарното оружје за самоодбрана во согласност со политиката на партијата за изградба на нуклеарни вооружени сили“, се вели во извештајот.

Ким Џонг Ун го надгледуваше првото пробно истрелување на нов ракетен фрлач со повеќе цевки од 600 милиметри, објави КЦНА, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ