петок, 11 октомври 2024

Два руски воени авиони забележани во воздушниот простор близу Америка

Два руски воени авиони беа откриени во меѓународниот воздушен простор кај Алјаска, во воздушниот простор познат како идентификациска зона за воздушна одбрана (АДИЗ), соопшти денеска северноамериканската команда за воздушна одбрана (НОРАД).

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Авионите се забележан во средата во идентификациската зона за воздушна одбрана (АДИЗ), која се протега на околу 240 километри од брегот на Алјаска, и во која авионите треба да се идентификуваат, пренесува Еј-би-си Њуз.

„Руските авиони останаа во меѓународниот воздушен простор и не навлегоа во американскиот или канадскиот суверен воздушен простор“, соопшти НОРАД.

НОРАД изјави дека ваквата руска активност во АДИЗ кај Алјаска се случува редовно и не се смета за заканувачка.

Авионите, наводно, биле следени откако биле забележани, но САД не подигнале авиони за пресретнување.

Американски и канадски борбени авиони пресретнаа четири руски и кинески бомбардери кои летаа во меѓународниот воздушен простор во близина на Алјаска во јули, соопштија тогашните официјални лица.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ