вторник, 26 ноември 2024

Фетаи-Ваитз: Македонија да го искористи „украинскиот момент“ и да ги почне преговорите со ЕУ

На средбата во Брисел меѓу вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи со известувачот за Македонија во Еврпопскиот парламент, Томас Ваитз, било констатирано дека Европската Унија повеќе нема ниту една дилема дека земјите од Западен Балкан треба да станат членки на ЕУ.

Објавено на

часот

Сподели

Известувачот Ваитз рекол дека Македонија треба да го искористи моментот создаден поради руската агресија против Украина и да направи сè што е во нејзина моќ да ги отвори преговорите со цел брзо членство во ЕУ. Тој ветил дека ќе направи сè што е во негова моќ и на Европскиот парламент да го оствари ова како заедничка цел.

Вицепремиерот Фетаи го информирал Ваитз за активностите на Владата за спроведување на реформската агенда, особено во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата. Фетаи ја истакнал и важноста за изградба на Коридорот 8 како безбедносен проект и за справување со еколошките предизвици.

Тој изразил загриженост за руското влијание врз информативниот простор на Македонија, кое треба да се третира како сериозно прашање за националната безбедност. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ