петок, 18 октомври 2024

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Федерација, да

Триумвиратот на десетина алчни и полуписмени олигарси, заедно со дел од службениците на државната безбедност и политичари извлечени од тоалет, не донесоа во позиција да се надеваме дека опстанокот на Македонците е во формирање на федеративна држава Северна Македонија. Држава на два конституенти, Македонија и Илирида (или какво име ќе си изберат Албанците).

Аргументите заошто треба да направиме федерација ги изнесов во последната колумна. Потврдата на тие аргументи секојдневно ни демонстрира Артан Груби. Останува уште да ни го покаже средниот прст. Последниот пример со автопатот кој што ќе нема кој да го користи, а ќе кошта најмалку 1,5 милјарди евра е неуставен, противзаконски, апсурден, безобразен пример на класично апартхејдско однесување на малцинството врз мнозинството. Последните измени на законите во Македонија во корист на Бехтел-Енка, е пример на тотално погазување на сите демократски и уставни основи на нашата држава. Трагедијата да е уште поголема,  во парламентот тоа го спроведуваат македонските пратеници. Ако прашате, од 10 Македонци, 10 ќе ви кажат дека највероватно се работи за тежок криминал.

Еден мој пријател благо ми прокоментира дека сакам да ја делам Македонија. Мојот одговор беше, Македонија е одамна поделена. Тоа што ние не сакаме тоа  да го видиме е друг проблем. Секој ги знае, но да ги спомнам  Охридскиот договор, новата територијална поделба, Законот за амнестија на воени злосторници, Устав и педесетина закони кои се гласаат со т.н. „Бадинтер“ , влада составена од две влади…

До пред пет, шест години за овој проект на растурање на државата беа одговорни само челниците на гореспоменатиот триумвират. Во последните години работите се сменија од лошо на најлошо. Во нашите државни работи полека но сигурно се инволвира, во моментот најорганизираната криминална организација во Европа. Со инфилтрација на таква структура во раководните и управувачки органи, државата е осудена на пропаст.

Примери имате насекаде во светот. Вообичаено овие криминални организации во стартот добиваат подршка од моќните светски играчи заради остварување на разни стратешки цели, но цехот го плаќаат државите домаќини. Потсетете се само на италјанската, колумбиската, мексиканската, руската и сега албанската мафија.

Во Македонија, за овој проблем никој не разговара, а дефинитивно е најголемиот од нејзиното формирање до денес.

Македонскиот народ има шанса да опстане на своите огништа се дотогаш, додека оваа моќна криминална организација не навлегла во сите пори на општественото живеење. Потоа спас нема.

За оние што не знаат или не сакаат да знаат, големите криминални организации својата инфилтрација ја прават преку навидум легални, а понекогаш и легални бизниси. Тоа на самиот почеток се градежништво, трговија, игри на среќа, отпад и хотелиерство. Можеби ви звучи познато?

Иднината на Македонците е во нивни раце. Македонскиот народ има доволно, храбри, паметни, стручни, работоспособни родољуби, кои овој процес за спас на Македонија може да го спроведат во целост.

Првиот чекор е широка дебата помеѓу Македонците во Македонија и во странство за спроведување на процесот на федерализација на Македонија. Таа дебата треба да овозможи запознавање со вистинската  општествено-политичка сосотјба во Македонија, формирање на стратегија и динамика за нејзина реалзиација со крајна цел СПАС НА МАКЕДОНИЈА. Мојот ангажман засега е во тој правец. Во спротивно ни отиде државата.  

П.С. Ќе бидам најсреќниот човек на светот ако некој има идеја за подобро решение за спас на  Македонија. Не прифаќам „патриотски идеи“ со шише пиво или ракија во рака.

 

П.С.С.   Исто така немам намера да чекам  Русите да дојдат до Маџарска, па да се позабават со „одлучно“ решавање на нашиот проблем.

 

                                                                                                                                                     Ангел Наков

КОЛУМНИ

Миодраг Врчаковски

Илегална миграција на легален начин!

Сеад Џигал

Стереотипите како бариера за жените кандидатки

Ристо Цицонков

Греење: Не си играјте со децата, може да се разболат

Кристина Пота Радуловиќ

„Ти си пречувствителен/на“ – грижа за нас или агресија и етикетирање?

Ристо Цицонков

Базна електрична енергија да, ама не со слаб кадар и неприменети...

Далибор Ступар

Што се случи со Зелената агенда во Србија?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ