петок, 29 ноември 2024

ФБИ: Напаѓачот на Трамп дејствувал сам, ја употребил легално купената пушка на татко му

Вооружениот напаѓач кој во саботата вечерта го застрела поранешниот американски претседател и кандидат на Републиканската партија на претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп, дејствувал сам и употребил легално купена пушка што ја купил таткото на осомничениот, соопшти ФБИ.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Станува збор за полуавтоматска пушка АР 556. ФБИ не најде никакви индикации дека осомничениот има некаква ментална болест. Нападот се смета и како домашен терористички чин и како обид за убиство“, соопшти американската агенција, пренесува Ројтерс.

Во соопштението се додава дека нема индикации дека вооружениот напаѓач пукал во Трамп од идеолошки причини, ФБИ ги прегледува сметките на социјалните мрежи, отпадоците од оружје и примероците на ДНК како доказ.

„Заканите и повиците за насилство веќе се зголемуваат на Интернет, особено по овој настан“, соопшти ФБИ.

Трамп беше полесно повреден во пукање во саботата вечерта за време на митинг во Батлер, Пенсилванија.

Вооружениот напаѓач, 20-годишниот Томас Метју Крукс и најмалку еден од учесниците на митингот загинаа, уште две лица кои присуствуваа на собирот беа тешко повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ