Тој преку својот фејсбук профил објави:
„Почитувани соработници и сопартијци,
ве известувам дека, денеска, поднесов оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.
Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на ова функција.
Мојот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети“.
Друго објаснување не е дадено во објавата, но самиот укажува дека не станува збор за припадност кон „огнената“ група која откако беше прогласена за фракција, што не е дозволено според статутот на ДУИ, дел од неа се отцепи од Мала Речица и во неделата формира нова партија чиј лидер е Изет Меџити. Блерим Беџети, Невзат Бејта и Муса Џафери, некогашни највисоки функционери на ДУИ, откако од почеток се прогласија за „огнени“ бунтовници, неодамна го напуштија Меџити и му се вратија на лидерот Али Ахмети.
Инаку, Фондот за здравствено осигурување од поодамна функционира со двајца директори, едниот поставен од владејачката партија, другиот од нејзиниот коалициски партнер од политичкиот блок на Албанците. Директор на Фондот е Магдалена Филиповска Грашкоска која доа денеска функцијата ја делеше со Фатон Ахмети.