петок, 22 ноември 2024

Фајненшл тајмс: Коалицијата на Шолц пред распад, можни вонредни избори

Канцеларот Олаф Шолц одржа „индустриски самит“ во вторникот, на кој седна со бизнис лидерите и синдикатите за да сфатат како да ја извлечат Германија од нејзината сегашна слабост. Неговите министри за финансии и економија беа изоставени од листата на гости, пренесува Фајненшл тајмс.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Роберт Хабек, министерот за економија, одговори со откривање на планови за инвестициски фонд од повеќе милијарди евра, финансиран од долгови, идеја што претходно не била дискутирана со колегите од кабинетот, додека министерот за финансии Кристијан Линднер едноставно закажа свој, конкурентски бизнис самит истиот ден, пишува овој медиум.

Дуелот на самитот, во позадина на стагнација на економијата и Фолксваген, кој за прв пат во својата историја размислува да затвори домашни фабрики, го симболизира нередот во срцето на коалицијата на Шолц- брак без љубов кој сѐ повеќе се чини на работ на развод.

Во Берлин се зголемуваат шпекулациите дека сојузот наскоро би можел да се распадне, растурен од сопствените внатрешни противречности. Неколку германски медиуми дури посочија можен датум за предвремени избори – 9 март, повеќе од шест месеци пред предвиденото, се вели во текстот.

Многумина веруваат дека шансите социјалдемократите на Шолц (СПД), Зелените на Хабек и либералните Слободни демократи (ФДП) на Линднер да ја откријат таа заедничка насока во последната преостаната година на власт никогаш не биле толку мали, се наведува во текстот.

„Од раните 1980-ти не сме виделе такви фундаментални разлики и такви аргументи меѓу партнерите во германската коалиција. Се чини дека веќе нема основа за доверба меѓу нив“, изјави Уве Јун, политиколог од Универзитетот во Трир, мислејќи на колапсот на сојузот СПД-ФДП.

Исто така, постои јасен потенцијален поттик за распаѓање, неуспехот да се постигне договор за буџетот за 2025 година. Преговорите завршија: владиниот нацрт-план за трошење содржи финансиска дупка од речиси десет милијарди евра, коалициските партнери се безнадежно поделени како да го вклучат пред крајниот рок на 14 ноември, пренесува Фајненшл тајмс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ