сабота, 30 ноември 2024

Европскиот синдикат застана зад ССМ, 60 часа работно време е закана за здравјето и безбедноста на работникот

Објавено на

часот

Сподели

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска информира дека поддршка во борбата против 60-часовното работно време што како можност се дава со пакетот закони за коридорите 8 и 10д, добиле и од Европскиот синдикат за јавен сектор. 

Во писмото од Европскиот синдикат за јавен сектор (ЕПСУ) се наведува дека прекумерното работно време претставува сериозна закана за здравјето и безбедноста и ја загрозува испораката на безбедни и квалитетни јавни услуги.

„ИТУЦ веќе укажа како предлозите се спротивставуваат на меѓународните стандарди на трудот. Понатаму би нагласиле дека како земја-кандидат, Северна Македонија треба да се погрижи да се усогласи со социјалното законодавство на ЕУ и, како што знаете, Директивата за работното време е апсолутно во центарот на вниманието. Се здружуваме со ИТУЦ во повикувањето на Владата да ја повлече оваа иницијатива и целосно да се ангажира со социјалните партнери за секоја планирана ревизија на трудовото законодавство. Ние внимателно ќе ја следиме ситуацијата во консултација со нашите соработници во и очекуваме позитивен одговор од вас за овие критични прашања“, се вели во писмото.
 
Од ЕПСУ велат дека ги загрижува што предлозите за реформа на трудот ќе им овозможат на работодавачите да ги заобиколат регулативите за работното време и да доведат до работно време од 60 часа неделно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ