Генераторите се со моќност од 12,5 до 1.000 киловати, се наоѓаат во резервите „РескЕУ“ во Полска и можат да обезбедат електрична енергија за болниците во случај на прекин на електричната енергија.
Според најавите 40 генератори ќе бидат наменети за училиштата во Украина.
Заедно со оваа пратка, механизмот за цивилна заштита на ЕУ веќе обезбеди 5.500 генератори за Украина, се додава во соопштението.
Одговорот на украинската криза досега е најголемата, најсложената и најдолгата операција спроведена од механизмот за одговор на вонредни ситуации на ЕУ.
Сите 27 земји-членки на ЕУ, од Норвешка, Турција, Исланд и други понудија секаков вид помош, од медицинска опрема и опрема за засолништа, до возила и енергетска опрема.
Досега, 98.000 тони помош се испорачани на Украина преку механизмот, според Европската служба за надворешна политика.