„Испраќам пораки на солидарност до нашиот сосед Иран, кој синоќа беше цел на израелска агресија“, изјави Ердоган.
Турскиот лидер изјави дека „ционистичката израелска влада, целосно разгалена од западните сили, се обидува да разгори регионален конфликт“.
„Клучно е да не паднеме во стапицата поставена од Израел и оние кои го поддржуваат. Пристапот на Израел на крајот нема да успее. Со овој начин на размислување Израел нема да постигне ништо“, рече Ердоган.
Во соопштението на МНР пишува дека „завршувањето на теророт создаден од Израел во регионот стана историска задача за воспоставување меѓународна безбедност и мир“.
„Остро го осудуваме израелскиот напад врз Иран. Со извршувањето на геноцид во Газа, подготвувајќи се за анексија на Западниот брег и секојдневно убивајќи цивили во Либан, Израел го доведе нашиот регион на работ на уништување, до уште поголема војна“, соопшти Министерството.