петок, 18 октомври 2024

Ердоган: Не се откажуваме од Русија, не можеме

Објавено на

часот

Сподели

„Турција не може да се откаже од Русија и рускиот гас. Турција не може да ја одбие Русија, да го одбие рускиот гас, ова е стратегиско прашање“, кажа Ердоган, а пренесуваат руските медиуми.

Ердоган повтори дека нема да го поддржи влегувањето на Шведска и Финска во НАТО. „НАТО е безбедносна организација. Ние не можеме да прифатиме присуство на терористички организации во Алијансата“, порача Ердоган денес во говор во Анкара, мислејќи на политичките и воени организации на Курдите кои во Финска и Шведска не се забранети.

Тој Шведска ја окарактеризира како „легло на терор“, истакнувајќи дека ако Турција не дозволи, земјата нема да влезе во НАТО.

„Како што знаете, Шведска и Финска се домаќини на терористички организации. Тоа се земји кои ги охрабруваат изворите на тероризам во мојата земја и кои ги снабдуваат со оружје“, кажа Ердоган.

За односот со Русија, турскиот претседател истакна дека тоа е стратегиско прашање.

„Ние имаме соработка со двете страни, со Русија градиме нуклеарна централа која наскоро ќе биде готова, ја отвораме следната година и тоа е многу важен извор за нас. Педесет отсто од гасот кој го користиме доаѓа од Русија. Тоа е стратегиско прашање и стратегиски однос. Ние тоа не можеме да го напуштиме, ниту да го прекршиме“, заклучи Ердоган.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ