сабота, 21 септември 2024

Ембид го доби дуелот со Јокиќ, а потоа му рече: Ти си најдобар играч во лигата (ВИДЕО)

Филаделфија со 126-121 го совлада Денвер, Џоел Ембид имаше подобра партија од Никола Јокиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Ембид го предводеше тимот на Филаделфија до триумф над шампионот, тој постигна 41 поен, имаше десет асистенции и сеум скокови. Имаше поддршка од Максеј кој реализираше 25 поени.

Никола Јокиќ имаше солидна партија, беше најдобар во составот на Денвер со 25 поени и дури 19 скокови, српскиот кошаркар запиша само три асистенции.

Тоа беше дуел меѓу актуелниот МВП, Џоел Ембид и Никола Јокиќ кој беше прогласен за МВП во последното финале.

МВП наградата која ја доби Ембид предизвика големи реакции, многумина сметаа дека Јокиќ требаше да ја добие, што ќе беше трета по ред за српскиот кошаркар.

По мечот Ембид во прегратка му рече на Јокиќ: „Ти си најдобар играч во лигата, продолжи само така“.

Резултати:
Филаделфија – Денвер 126-121
Феникс – Сакраменто 119-117
ЛА Клиперс – Оклахома 128-117

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ