сабота, 19 октомври 2024

Елмас од клупата го гледаше киксот на Лајпциг против Унион Берлин

Минатата сезона Елиф Елмас не беше стартер, но редовно влегуваше од клупата за резерви, сега се променија работите, но на полошо, сега воопшто не влегува во игра.

Објавено на

часот

Сподели

Лајпциг на свој терен одигра без голови против Унион Берлин, во 74. минута Опенда промаши пенал.

Елмас беше на клупата на овој меч и не влезе во игра, исто како и во претходното коло.

Актуелниот шампион Леверкузен со 4-1 победи на гостувањето кај Хофенхајм, гостински триумф обезбеди и Штутгарт кој со 3-1 славеше над Менхенгладбах.

Фрајбург со 2-1 го победи Бохум, Ајнтрахт со 2-1 го совлада Волфсбург на негов терен.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ