Наполи вечерва одигра 1-1 на гостувањето кај Удинезе, а тој бод беше доволен за да се завери шампионската круна.
Удинезе поведе со гол на Ловриќ во 13. минута, израмни Осимен по седум минути игра во вториот дел.
И Несторовски и Елмас го одиграа целиот натпревар.
Ова е посебен ден за Елмас кој стана вториот Македонец со Скудето по Горан Пандев кој го направи тоа со Интер. Елиф имаше значаен придонес во шампионската титула со шест голови и три асистенции.
За Наполи ова е вкупно трето Скудето, прво по ерата на Марадона.