Галатасарај сака да го позајми Елмас на една сезона од Лајпциг, турскиот клуб веќе стапил во контакт со Германците.
Елмас мака мачи да се избори за поголема минутажа во Лајпциг, па можеби позајмица во Турција ќе биде вистински потег.
Останува да се види дали македонскиот фудбалер би бил согласен со трансфер во Галатасарај ако се знае дека беше фудбалер на Фенербахче.