Градоначалникот Стефан Росињол изјави дека полицаецот кој дошол на местото на пожарот е повреден и дека засега не е позната неговата здравствена состојба.
A terrorist attack has targeted a synagogue in southern France with an explosion.
Cars, one of which contained a gas bottle, were set on fire this Saturday morning in front of the synagogue Beth Yaacov in La Grande-Motte.
The explosion injured a municipal police officer. pic.twitter.com/ydmZHtSi5s
— Imtiaz Mahmood (@ImtiazMadmood) August 24, 2024
Францускиот министер за внатрешни работи во оставка Жералд Дарманен го осуди, како што рече, „очигледно криминалниот“ чин на социјалната мрежа Икс.
„Сакам да ги уверам нашите еврејски сограѓани и заедницата за сета моја поддршка“, рече Дарманен.
Тој посочи дека на барање на францускиот претседател Емануел Макрон се мобилизираат сите ресурси за да се најде сторителот.