ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно на терен ги активираше и интервентните еко-патроли коишто реализираат деноноќни дежурства на т.н. „црни точки“, односно локациите каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад.
Во рамките на интервенциите на Еко-патролата во изминатите седум дена од страна на сторителите беа отстранети вкупно 57 кубни метри непрописно одложен претежно градежен и кабаст отпад.