недела, 29 септември 2024

Екипа на брза помош со пациент заглавени во лифт во Кисела Вода

Екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент пред половина час заглавиле во лифт во подрумски дел од зграда на улица Христо Татарчев, 47, во Кисела Вода, Скопје, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

„Во 11:22 часот на 112 во ЦУК добивме пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент, во лифт во подрумски дел од зграда на улица Христо Татарчев, 47, Кисела Вода, Скопје. Од страна на ЦУК итно се известени Бригадата за противпожарна заштита Скопје и СВР Скопје“, информираше ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ