сабота, 2 ноември 2024

Еден приведен, за друго лице распишана потерница за престрелките во Арачиново

На 01.11.2024 година околу 19.00 часот, од Ургентен центар „Мајка Тереза“ во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од село Арачиново, Скопско.

Објавено на

часот

Сподели

Од здобиените повреди С.А. починал и телото е предадено за обдукција. Според пријавеното, во нив во с. Арачиново било стрелано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило марка „aуди”.

Од страна на полициски службеници од СВР Скопје во текот на ноќта едно од лицата кое учествувало во пукањето било приведено и во содејство со ОЈО денеска ќе биде поднесена кривична пријава и ќе биде изведено пред суд. За второто лице веќе е распишана потерница и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ