вторник, 26 ноември 2024

Еден од најсмртоносните напади оваа година: Исламската држава уби 14 лица во Авганистан

Вооружени напаѓачи убија 14 лица во авганистанска област каде што живеат шиитски муслимани, соопштија денеска талибанците.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Нападот беше окарактеризиран како еден од најсмртоносните оваа година.

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот што се случи вчера, чија цел биле луѓето кои патувале меѓу провинциите Гор и Даикунди.

Исламската држава соопшти дека користела митралез во нападот и дека биле убиени повеќе луѓе отколку што тврделе талибанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ