вторник, 26 ноември 2024

„Еден-два победа“ за Ферари, Норис заврши пред Ферстапен, но освои помалку бодови

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, е победник на трката за Големата награда на САД што се возеше во Остин, откако по моќниот старт брзо од четврто дојде до прво место, кое го задржа до самиот крај, без никаква закана да остане без него.

Објавено на

часот

Сподели

Италијанците имаа перфектна трка, со оглед што дојдоа и до второто место преку Карлос Саинц, кој ја потврди доминацијата на тимот од Маринело.

Крајот на трката донесе фантастична битка помеѓу најголемите конкуренти за шампионската титула, Ландо Норис и Макс Ферстапен, која на крајот беше решена со казна од стјуардите. Возачот на Мекларен пред крајот успеа да го помине актуелниот првак, но тоа го направи со излегување од патеката, поради што доби казна од пет секунди. Тоа значеше дека Норис иако целта ја мина како трет, на крајот ќе мора да се задоволи со четвртата позиција, додека возачот на Ред Бул дојде до последното место на пиедесталот.

Ферстапен сега има 354 бодови, 57 повеќе од Норис додека Леклер дојде до бројката од 275 бодови, со што се доведе во позиција да чека од „заседа“ кикс на двајцата најсериозни конкуренти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ