петок, 29 ноември 2024

ДУИ: ВМРО им одзема на граѓаните над 500 милиони евра

Објавено на

часот

Сподели

„Финансиските импликации од блокирањето на законот за ДДВ се 40 милиони евра, за законот за данок на добивка се 20 милиони евра, за данокот на солидарност 80 милиони евра, како и блокирањето на финансиските закони за задолжувања, 100 милиони евра од европската инвестициска банка за развојни кредити за стопанството со поволни услови и други 100 милиони од ЕБРД за ЕСМ, над 150 милиони евра за коридорите 8 и 10 – Д, додека од даночните законите зависат и уште вкупно 260 милиони евра од ЕУ и ММФ, дополнително уште стотици милиони евра за железницата на коридорот 8“, тврдат од ДУИ.

Според нив, ВМРО-ДПМНЕ е партија која активно работела против Преспанскиот договор и членството на Македонија во НАТО, а не дала ниту поддршка за референдумот ниту за Добрососедскиот договор со Бугарија или и Охридскиот Договор преку отпорот кон Законот за јазици.

„ДУИ ги поддржува петте закони во Собрание и активно ќе работи на нивно усвојување за побрза и поевтина изградба на автопатиштата. ДУИ исто така се залага за уставни измени и продолжување на европскиот пат на земјата преку национален консензус и општествено помирување. ВМРО и Левица се извор на лажни вести и пропаганда. Никаде во законот за работни односи не се споменува 60 часа работно време. Сите досегашни тврдења на коалицијата ВМРО ДПМНЕ и Левица се потврдија како ЛАЖНИ! ДУИ нема да дозволи ВМРО и Левица да ја чинат државата и граѓаните над 150 милиони евра поскапа изградба и над две години по долга изградба. Заложништвото на Собранието од страна на ВМРО ДПМНЕ и Левица заврши“, велат од ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ