понеделник, 21 октомври 2024

ДУИ: Изградбата на автопатиштата не може да ги сопре никој и ништо

Објавено на

часот

Сподели

„ДУИ ја поздравува поддршката на ВМРО ДПМНЕ за изградбата на коридорите 8 и 10-Д искажана од страна на Христијан Мицкоски. Процесот до потпишување на договорот за изградба на коридорите помеѓу Владата и конзорциумот Бехтел и Енка трае веќе повеќе од две години и во јавниот процес беа вклучени сите. Договорот е обврска која што пратениците едногласно ја усвоија и обврзаа Владата да постапи. Проектот за изградба на автопатите на Коридорот 8 и 10-Д е амбициозен проект од национално значење за изградба на 109 километри автопат за 57 месеци (4 пати побрзо од просечната градба во нашата земја) преку нов модел што го користат најголемите, најискусните градежни компании во светот. Автопатиштата веќе не може да ги сопре никој и ништо, но доколку пратениците одлучат спротивно, проектот ќе трае многу по долго и ќе чини многу повеќе“, велат од ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ