Во текот на 90 минути Рома и Милан имаа по некоја шанса, но немаа ниту еден удар во рамките од голот на противникот.
Тоа конечно се случи во 93. минута кога по асистенција од Челик, Абрахам постигна гол за водство на Рома од 1-0.
Во тој момент се чинеше дека Рома ги освојува трите бода, но не беше така. Во 97. минута по асистенција од Леао, Салемакерс постигна гол за конечни 1-1.
Битката за местата во Лигата на шампионите продолжува, а доколку Интер утре го добие Лацио ќе се изедначи бодовно со Милан и Рома и ќе ги престигне поради подобра гол разлика.