сабота, 19 октомври 2024
НБА

Дончиќ го предводеше Далас до победа во тексашкото дерби против Сан Антонио (ВИДЕО)

Лука Дончиќ со моќен трипл-дабл го водеше Далас до убедлива победа во дербито на Тексас против Сан Антонио од 144-119.
 

Објавено на

часот

Сподели

Словенечкиот кошаркар постигна 39 поени, имаше 12 скокови и 10 асистенции, беше убедливо најдобриот на теренот. Имаше поддршка и од Хардавеј кој уфрли 23 поени.

За одбележување е и тоа што Дончиќ дојде на само 11 поени од границата до 10.000 поени во НБА кариерата, па веќе на следниот меч би требало да дојде до ова достигнување.

Победа обезбедија и Јокиќ и Денвер, тие славеа на гостувањето кај Шарлот со 102-95. Српскиот кошаркар беше на само една асистенција до трипл-дабл, постигна 18 поени, имаше 10 скокови и девет асистенции. Најефикасен во составот на Денвер беше Портер со 22 поени, Мареј постигна 20.

Резултати:

Њујорк – Милвоки 111-130

ЛА Клиперс – Бостон 108-145

Шарлот – Денвер 95-102

Индијана – Орландо 110-117

Њу Орлеанс – Хјустон 104-106

Атланта – Мемфис 119-125

Бруклин – Детроит 126-115

Торонто – Јута 119-126

Чикаго – Кливленд 95-109

Оклахома – ЛА Лејкерс 120-129

Далас – Сан Антонио 144-119

Голден стејт – Портланд 126-106

Сакраменто – Минесота 98-110

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ